Менаџерката на мегаsвездата Тоше Проески, Љиљана Петровиќ ги демантира гласините во српските медиуми дека наводно му должи на соорганизаторот Гане Пецикоза 30.000 евра поради наводни трошоци на концертот на Тоше во Белградска арена.
Менаџерката на мегаsвездата Тоше Проески, Љиљана Петровиќ ги демантира гласините во српските медиуми дека наводно му должи на соорганизаторот Гане Пецикоза 30.000 евра поради наводни трошоци на концертот на Тоше во Белградска арена. - Пецикоза сакаше да не измами. Покажа сметки кои не беа реални. Затоа јас пратив мои супервизори кои заклучија дека должиме само 12.000 евра кои тој си ги доби, а не 30.000 кои тој ги бараше . Тоа беа сметки за сместувањето на гостинката од Италија Џана Нанини и за диригентот Валоне. Ништо не должиме и се што пишува во српските медиуми е чиста лага", ни рече во телефонскиот разговор Љиља . Српските медиуми пишуваат дека Тоше Проески за концертот во белградска "Арена" не заработил ништо, дури морал да плати дванаесет илјади евра! Менаџерот Гане Пецикоза, соорганизатор на концертот, барал од Тоше Проески дури 30.000 евра поради наводните трошоци на организацијата, кои подоцна испаднале 12.000 евра. Како што понатаму пишуваат медиумите, Пецикоза тврдел дека било нормално Тоше и Љиља да имаат губитоци, оти Проески продал само 6. 012 карти, а 3. 500 ги дал гратис, што е смешно за " Арена" која прима 17.330 луѓе. Поп sвездата Тоше Проески на денот на вљубените направи одличен концерт во белградската "Арена", петта по големина сала во Европа и собра околу 20 илјади негови фанови.
Вест / 20.03.2007