“Сан Ремо“.
Ова за српскиот портал Мондо го открил Стерули Штерјоски, близок пријател на трагично загинатиот Проески. “Можеби песната со италијанска ѕвезда Џана Нањини беше скалило повеќе за остварување на целта. Велат дека Нањини плачела кога чула како Тоше ја пее “Арија“, насловната нумера од неговиот албум на англиски јазик, со кој требаше да се пробива на светскиот пазар“, се вели во текстот на Мондо. Српскиот портал објавува дека еден месец по трагичната смрт на Тоше Проески, која го шокираше целиот Балкан, неговото родно Крушево и натаму го посетуваат бројни негови обожаватели.
“Секој ден во овој мал планински град, кој има околу 5.000 жители, од сите делови на поранешна Југославија пристигнуваат десетици автобуси со обожаватели на легендарниот пејач. Сите, веднаш по пристигнувањето во Крушево, одат на гробиштата за да му запалат свеќа на големиот Проески“, е опишано во репортажата.
Нетпрес / 20.11.2007