Утрински / 19.12.2007
Младата хрватска пливачка Сања Јовановиќ, која на тукушто завршеното Европско првенство во Дебрецин, го собори светскиот рекорд на 50 метри грбно, призна дека песните на Тоше Проески и' помогнале во концентрирањето пред да ја исплива трката со која влезе во легендите. „Си ги пеев песните на покојниот Тоше, кого многу го сакав и мислев на мајка ми“, рече Јовановиќ при завчерашното гостување на ТВ Нова. Животот на 21-годишната дубровчанка е вистинска филмска приказна. Медумите од Хрватска пишуваат дека таа кога имала пет години, а нејзиниот град бил разоруван од гранати, секојдневно тренирала на отворен базен, не пропуштајќи тренинг ниту во зима. Подоцна, нејзиниот живот го снашла уште една несреќа, кога татко и' ја оставил неа, трите сестри и мајката, која страда од тешка болест. Поради тоа, Сања ниту денеска не сака да слушне за татко и', кој за време на војната во Хрватска се преселил во Германија. Тешкиот живот, кој до пред четири години ја тераше да живее во хотел за бегалци, ја направи посилна од што било, иако во еден момент, самата признава, дека помислила да го напушти пливањето. Медалите во помладите категории беа најава на незаборавната саботна трка кога Јовановиќ со испливаната делница од 26,50 секунди за цели 33 стотинки го собори стариот светски рекорд. Како благодарност за златниот медал и огромниот успех, градоначалничката на Дубровник и' вети стан во центарот на градот.
Утрински / 19.12.2007
0 Comments
Leave a Reply. |
Archives
September 2021
|