Вечер / 19.12.2006
Последната информација поврзана со името на Тоше Проески освен четврточниот хуманитарен концерт, новото трето ДВД, што треба да се појави деновиве, е и првата снимена песна од новиот албум наменет за светскиот пазар. По неколкуте реализирани демо-снимки претстојниот албум на неодамнешното снимање во Шведска ја доби и првата композиција, со што работите околу проектот се интензивираат и полека се дефинираат. Најавеното ДВД, пак, од концертот на Градски одржан на 23 јуни на пазарот треба да биде пуштено деновиве и ќе го има во две изданија - луксузно и обично, во слим кутија и ќе се продава по цена достапна за сите фанови. Издавач на концертното ДВД, кое содржи вкупно 19 песни со истиот распоред како што беа изведувани на концертот, е Аворд Ентертејмент. Материјалот почнува со темата "По тебе", по што следуваат "Рани на усните", "Громови на душа", "Зошто отиде", Малечка", "Ден за нас", "Кој ли ти гризе образи"... Следен ангажман на Тоше е и концертот во Зеница закажан на 23 декември, што ќе се случи само два дена по скопскиот и во чест на 10-годишниот јубилеј на тамошното Радио Зенит. (А.Т.)
Вечер / 19.12.2006
0 Comments
Leave a Reply. |
Archives
September 2021
|