Канал5 / 18.11.2007
Во Крушево ќе се гради меморијален центар со гробница во која ќе почива Тоше Проески (18.11.2007)11/18/2019 Во Крушево на Гумење меѓу градските гробишта и споменикот Илинден, ќе се гради меморијален комплекс со гробница за Тоше Проески. Во Крушево на Гумење меѓу градските гробишта и споменикот Илинден, ќе се гради меморијален комплекс со гробница за Тоше Проески. Сегашното вечно почивалиште, големиот македонски и балкански поп пејач Тоше ќе го напушти откако комплексот ќе биде целосно изграден. Проектот што го изработи скопското проектантското биро Ајвар, им е доставен на семејството Проески. Синоќа во подолгиот разговор со неговите најблиски во собата каде Тоше го минуваше речиси целото свое време, кога ќе беше во Крушево, ни потврдија дека забелешки на проектот немаат. Согласност тој да се реализира има и од нив, од локалните власти и од владиното координативното тело, вели неговиот братучед Александар Николоски. Доколку дозволат временските услови изградбата на комплексот ќе започне веднаш откако ќе минат 40-те дена од смртта на Тоше. Но, не е исклучена можноста градежните работи да почната на пролет. Надворешно гробницата симболизира сцена, со специјална влезна врата. Нејзината внатрешност ќе биде уредена. Непрекинато 24 часа ќе има музика. Тивко на своите посетители ќе им пее Тоше. А, комплексот ноќе ќе биде осветлен со специјални светла, кои ќе бидат видливи и препознатливи од повеќе места од Пелагонија. Од семејството Проески велат дека месец по неговата смрт, најдено е решение и од утре, ликот и потписот на Тоше официјално се заштитени, ќе биде формирана и фондација со седиште во Крушево.
Канал5 / 18.11.2007
0 Comments
Leave a Reply. |
Archives
September 2021
|