се дестинации кон кои заминаа повеќето од нашите познати естрадни фаци.
Но, нашата најголема ѕвезда Тоше Проески, своите денови за одмор ги
поминува заедно со своето семејство во Охрид. Тоше денот го користи за
сончање и нуркање покрај плажата во хотелот Десарет каде што тој е
сместен. На плажата го уловивме заедно со неговара сестра Дора и внуците
Никола и Кристијан. Веднаш штом тој се појави на плажата облечен во
костим за нуркање околу него за само неколку минути се создаде огромна
гужва од негови обожаватели. Тоше мирно се фотографираше со сите нив,
делеше автограми. "Го избрав Охрид за одмор со семејството бидејќи многу
ми се допаѓа. Дојдов тука малку да се сончам, да пливам, да нуркам и да
се одморам. Ме фасцинираат потонатите бродови во езерото кои датираат од
пред неколку векови. Тоа е прекрасна глетка", ни изјави маестрото пред
да нурне под површината на езерото, а ние го оставивме Тоше да ужива во
својот прв семеен одмор по подолго време. Се надеваме дека успешно ќе ги
наполни батериите бидејќи му претстои напорна работна година.