.И во Скопје и Истанбул публиката навиваше за Тоше и се надеваше дека најголемата музичка ѕвезда кај нас ќе влезе во финалето и конечно ќе им покаже како се пее на земјите кои како да се претплатени да бидат на врвот. „Се надевавме дека ќе влеземе во тие 10. Но не сакав да прогнозирам за да не се крева многу фама“, изјави Тоше Проески. Овде веќе се слави, Тоше ја освои Европа. „Тоше е супер, само напред и многу среќа во сабота“, коментираа денеска граѓаните. Мислењата за сценскиот настап и гардеробата на Тоше беа поделени но тој смета дека не треба ништо да се менува. „Тоа беше одлично прифатено вечерта и мислам дека не треба ништо да се промени“, рече Тоше. „Супер беше но не ми се допаѓаа тоа што тие позади него беа во црно, не се гледаа“, вели еден граѓанин. Иако со Евровизија се поврзани лобирањата и задкулисните пазарења Тоше се надева ќе победи добрата песна. „Кога се борат луѓето за прво и второ место мислам дека тука сигурно ќе биде присутна политиката, но ќе се потрудиме сето тоа да го сузбиеме. Со Божја помош не треба политиката да излезе на површина“, вели Тоше. Годинава Евровизија имаше за прв пат финална вечер. Сабота за најдобриот Евросонг ќе се натпреваруваат 24 земји.
0 Comments
Leave a Reply. |
Archives
September 2021
|