* Како е да се соработува со Тоше?
- Фантастично. Тоше е голем професионалец и, искрено, многу се радувам што го запознав. Многу е пријатен за дружење. Јас и тој сме многу слични. Тоше ми е омилен пејач.
* Кога ќе те видиме во Македонија?
- Ба сакалa да дојдам кај вас. Јас и Тоше имаме некој планови за понатамошна соработка, кои се надевам дека ќе се остварат. Ако се биде како што треба, ете ме мене во Македонија, само сега е се уште рано да се зборува за тоа.
* До каде сте со снимањето на спотот за дуетот "Волим осмјех твој"?
- Моментно го снимаме во Загреб и во Пакоштенe кај Задар. Супер си поминуваме и едвај чекам публиката да го види тоа што го сработивме.
Фото и текст: З. Василевски
Вест / 13.06.2007