- Ве молам да им пренесете на моите пријатели во Македoнија и на сите други, дека целото мое семејство беше шокирано кога ја слушна веста за трагичната смрт на Тоше Проески. Сите ние, јас, мојата сопруга, двете ќерки и синот тагуваме за Тоше. Имав можност неколку пати во Телевизијата „Пинк“ да се сретнам со Тоше, да разговараме. Прекрасен човек, пејач, личност. Моите деца го обожаваа, ги имаат сите негови ЦД, неговите песни беа постојано присутни во нашата куќа, ќерките и синот не го пропуштија неговиот концерт во Белград. Кога се вратија, само за него говореа. Не само моето семејство, сите мои пријатели беа натажени кога ја слушнаа страотната вест за неговата смрт. Таков пејач и човек ретко се раѓа. Им ветив на ќерките и синот дека пред заминувањето за Нагоја ќе го посетиме Крушево и неговиот вечен дом. Тоше тоа го заслужува.
Утрински / 10.12.2007