Што е до него - она што може да го направи - го направи, а домофонот нема начин да го исклучи, како што нема начин да им забрани на луѓето да го вознемируваат и во раните зори. Тоа е една од причините што чека да се всели во неговиот апартман во Злокуќани, каде ќе биде сосед со неговата менаџерка Лилја Петровиќ, која таму живее веќе шест месеци. Моментно сите сили си ги насочува кон претстојната Балканска турнеја, која почнува со концертот во Сараево на 12 мај, на 19 мај во Тузла, на 23 мај во Бања Лука, од 25 до 27 мај на фестивал во Трогир, на први јуни во Риека, на трети јуни фестивал во Тирана, и завршува на осми јуни на Градски стадион во Скопје. Всушност, сето тоа може да се прочита на неговата нова интернет страница www.toseproeski.info. Она што не може да се прочита на сајтот се трачеви, како случки од секојдневиот живот. На пример, за неговата менаџерка велат дека кон Тоше се однесува како вистинска "Желботека". Му ги исполнува сите желби, му купува се што ќе посака. Освен за него се грижи и за двете девојки од "Фајнал кат Т.", задолжени за контактите со медиумите. Пред некој ден им се јавила веднаш да купат два модерни и скапи "женски" мобилки. Мислејќи дека станува збор за некои од Тошевите девојки, тие се обиделе да го направат најдобриот избор, за само по неколку минути Лилја да им соопшти дека тоа се неочекувани подароци за нив. Нејзините вработени мораат да бидат задоволни и испочитувани, за да прават се најдобро за Тоше, била нејзината работна девиза, велат тие.
Не можејќи да го издржи постојаниот притисок од ѕвонење од млади и стари, барање на автограми, фото-пози, Тоше Проески го одмонтира домашното ѕвонче, а со тоа и малку им ја намали маката на соседите, кои постојано се жалат на навалицата во нивната зграда.
Што е до него - она што може да го направи - го направи, а домофонот нема начин да го исклучи, како што нема начин да им забрани на луѓето да го вознемируваат и во раните зори. Тоа е една од причините што чека да се всели во неговиот апартман во Злокуќани, каде ќе биде сосед со неговата менаџерка Лилја Петровиќ, која таму живее веќе шест месеци. Моментно сите сили си ги насочува кон претстојната Балканска турнеја, која почнува со концертот во Сараево на 12 мај, на 19 мај во Тузла, на 23 мај во Бања Лука, од 25 до 27 мај на фестивал во Трогир, на први јуни во Риека, на трети јуни фестивал во Тирана, и завршува на осми јуни на Градски стадион во Скопје. Всушност, сето тоа може да се прочита на неговата нова интернет страница www.toseproeski.info. Она што не може да се прочита на сајтот се трачеви, како случки од секојдневиот живот. На пример, за неговата менаџерка велат дека кон Тоше се однесува како вистинска "Желботека". Му ги исполнува сите желби, му купува се што ќе посака. Освен за него се грижи и за двете девојки од "Фајнал кат Т.", задолжени за контактите со медиумите. Пред некој ден им се јавила веднаш да купат два модерни и скапи "женски" мобилки. Мислејќи дека станува збор за некои од Тошевите девојки, тие се обиделе да го направат најдобриот избор, за само по неколку минути Лилја да им соопшти дека тоа се неочекувани подароци за нив. Нејзините вработени мораат да бидат задоволни и испочитувани, за да прават се најдобро за Тоше, била нејзината работна девиза, велат тие.
0 Comments
Leave a Reply. |
Archives
September 2021
|