Дневник / 05.06.2006
Тоше Проески секој ден е на нова дестинација. Настапува секаде каде што ќе го поканат. Во петокот беше во Трогир, недалеку од Сплит каде се одржа 10. јубилеен Радиски фестивал. Беа исполнети 24 песни, меѓу кои и "Срце није камен", на Тоше. Иако неговиот настап помина еуфорично, Тоше не успеа да освои некоја од наградите. Имено, признанијата беа доделувани во неколку категории, а меѓу лауреатите се најдоа хрватските изведувачи. Тони Цетински однесе најмногу награди во категоријата поп-рок музика и тоа награди од публиката, критиката и Гран При. Инаку, песната "Срце није камен", која ја пееше Тоше и која веќе десет недели е на првото место на официјалната хрватска радиска топ-листа, е најавна шпица на популарната ТВ-новела "Забрањена љубав", а е авторско дело на Миро Буљан и Антонија Шола. Нашиот Тоше од Хрватска веднаш леташе за Тирана за да стаса на големиот европски музички спектакл Еуро Видео Гран При, каде што за титулата најдобар се бореа 26 европски музички сили. Настапи со спотот за песната "По тебе", но и таму немаше завиден пласман. Деновиве е конечно во Скопје за да се посвети на подготовките за големиот концерт на градскиот стадион закажан за в среда во 21 часот.
Дневник / 05.06.2006
0 Comments
Leave a Reply. |
Archives
September 2021
|