Тоше Проески со музика ќе се грижи за здравјето на забите кај малите Хрватчиња. Всушност, станува збор за кампањата на тамошното Министерство за здравство чиј заштитен бренд е Тоше, а што ќе се спроведува под слоганот - Волим осмех твој или Со песна до убава насмевка. За потребите на кампањата што ќе се реализира во соработка со фирмите производители на пасти и четки за заби, Тоше освен што заедно со Антонија Шола се смешка од билбордите поставени низ Хрватска, ја сними и темата "Волим осмех твој". Идејата за вклучување песна во кампањата е со цел миењето на заби да биде што е можно позабавно и поквалитетно. ЦД-то со синглот во интерпретацијата на Тоше и Антонија Шола е веќе издадено, а песната трае нешто повеќе од три минути, односно токму онолку колку што треба да трае процесот на миење заби. Во комплет со ЦД-то се ставени и илустрирани упатства за правилно миење заби. Цената на ЦД-то е околу 90 денари, а сите собрани средства од продажбата ќе бидат наменети за едукација на децата за правилна нега на забите. Песната, инаку ја потпишуваат Антонија Шола и Миро Буљан, и истата деновиве ќе биде пуштена и во Македонија. Освен околу кампањата продолжуваат и ангажманите поврзани со големата турнеја на Тоше по бившите републики. Така, тој вечерва ќе пее во Будва, на 10 мај е во Приједор, а на 15 во Зајечар. На 1 јуни концерт ќе има и во Љубљана.
Македонскиот пејач Тоше Проески е една од главните ѕвезди во новата кампања за правилна хигиена и миење на забите на децата организирана од Министерство за здравство на Хрватска . Под слоганот „Волим осмјех твој“, во продажба е пуштен истоимен сингл во кој, освен Тоше, учествува и пејачката-текстописец Антонија Шола. Во пакетот на цедето има и упатство за правилно миење на забите, а трите минути, колку што трае композицијата, се доволни за ефектно четкање на забите. Целиот приход од акцијата ќе оди во фондот наменет за децата, кои треба да научат како да ги негуваат своите заби. Денеска Тоше ќе има концерт во Будва, на 10 мај во Приедор, на 15 мај во Заечар, а на 1 јуни во Љубљана. Промоцијата на цедето „Божилак“ е презакажана за 7 и 8 мај, во Загреб и во Љубљана.
Тоше Проески со музика ќе се грижи за здравјето на забите кај малите Хрватчиња. Всушност, станува збор за кампањата на тамошното Министерство за здравство чиј заштитен бренд е Тоше, а што ќе се спроведува под слоганот - Волим осмех твој или Со песна до убава насмевка. За потребите на кампањата што ќе се реализира во соработка со фирмите производители на пасти и четки за заби, Тоше освен што заедно со Антонија Шола се смешка од билбордите поставени низ Хрватска, ја сними и темата "Волим осмех твој". Идејата за вклучување песна во кампањата е со цел миењето на заби да биде што е можно позабавно и поквалитетно. ЦД-то со синглот во интерпретацијата на Тоше и Антонија Шола е веќе издадено, а песната трае нешто повеќе од три минути, односно токму онолку колку што треба да трае процесот на миење заби. Во комплет со ЦД-то се ставени и илустрирани упатства за правилно миење заби. Цената на ЦД-то е околу 90 денари, а сите собрани средства од продажбата ќе бидат наменети за едукација на децата за правилна нега на забите. Песната, инаку ја потпишуваат Антонија Шола и Миро Буљан, и истата деновиве ќе биде пуштена и во Македонија. Освен околу кампањата продолжуваат и ангажманите поврзани со големата турнеја на Тоше по бившите републики. Така, тој вечерва ќе пее во Будва, на 10 мај е во Приједор, а на 15 во Зајечар. На 1 јуни концерт ќе има и во Љубљана.
0 Comments
Leave a Reply. |
Archives
September 2021
|