Тоше Проески во Истанбул го испрати амбасадор и владика. Нашата мегаsвезда и претставник на годинешниот Евросонг 2004 заедно со седумнаесетчлената македонска екипа која ќе учествува во подготовките за наш Тоше Проески во Истанбул го испрати амбасадор и владика. Нашата мегаsвезда и претставник на годинешниот Евросонг 2004 заедно со седумнаесетчлената македонска екипа која ќе учествува во подготовките за нашиот настап меѓу 24 учесници за полуфиналето на 12 мај, вчера замина во турскиот град-домаќин на мошне уникатен начин. Вчера претпладне, во соборниот храм во Скопје, Тоше и евровизиската екипа, пред летот за Истанбул добија благослов за среќен пат од архепископот охридски македонски господин господин Стефан, а завчера во негова чест турскиот амбасадор во Република Македонија г-дин Мехмед Ташер организираше прием во резиденцијата на турската амбасада на Кале. Поглаварот на МПЦ му посака на Тоше неговиот глас до го обиколи светот, а членовите на екипата на подарок добија крстови, икони и календарчиња. Тоше пред црквата пристигна со новата девојка Ивана, а многуте обожаватели успејаа да и го "украдат" на некој миг, за по некој збор, автограм и фотографија. Меѓу последните стасаа придружните вокали. Најуспаничена беше Тамара, која ни откри дека цело утро не можела да го пронајде пасошот, но успејала да извади нов, за само неколку часа. Тоше летна за Истанбул со среќното топче, подарок од некогашниот фудбалски селектор Андон Дончевски. Коктелот од нога со пијалоци и шведска маса во резиденцијата на турската амбасада беше од неформален карактер, а поканетите членови на евровизиската екипа, новинарите и блиските пријатели на Тоше правеа муабет со музиката на турската мегаsвезда Таркан, со песните на нашиот претставник и на кралицата на ромската песна Есма Реџепова. Тоше беше расположен и видно одморен и со задоволство даваше изјави за неговото учество на овој голем европски музички настан. Турскиот амбасадор на крај му наздрави и му посака успех и добар пласман. Завчера на Факултетот за драмски уметности, Тоше и придружните вокали Тамара, Маја, Фани, Масе и Роки ги усовршуваа деталите за настапот, под надзор на кореографката Кренаре Невзати-Кери. Приказната има две страни: добра и лоша, црна и бела. Тоше е преставник на добрата страна, облечен во бела боја, а вокалите во црно. Сценскиот настап ја раздвижува песната, и и дава комплетна слика. За гардеробата на нашите евровизиски преставници ќе се погрижи Александар Ношпал. Македонија пред финалето на 15 мај ја чека полуфиналето на 12 мај. Дваесет идве земји учеснички во претквалификациите треба да се изборат за првите десет места ако сакаат да стигнат во финалето. За нив ќе гласаат 33 земји кои ќе вршат пренос од полуфиналето. Во финалето ги чекаат стандардните учеснички на Евросонг-Англија, Франција, Германија и Шпанија и првите десет пласирани од прекланскиот Евросонг. Во Истанбул, како што соопштија турските организатори на пресот на турската државна телевизија, подготовките за пречек на гостите од 36 земји се при крај. Траеле една година, а биле ангажирани 500 работници. Салата "Абди бег" од 2.500 квадратни метри каде ќе се одржува Песна за Евровизија е лоцирана во квартот "Зејтинбурну" одалечен 40 километри од истанбулскиот аеродром. За настанот се акредитирани 1500 новинари кои ќе бидат сместени во новинарски шатор, обезбеден со компјутери и интернет. Се очекува за Песна за евровизија да допатуваат 5500 гости. Истанбул, како град -домаќин е избран во конкуренција на турските градови Измир и Анталија поради регулираниот сообраќај и историските знаменитости. Сцената каде ќе пеајат изведувачите ќе биде во знакот на црвената боја, како турското знаме, и осветлена со разнобојни светла. За изгледот на изведувачите ќе се грижат 50 шминкери. Салата "Абди бег" е отворена од вчера. Генералните проби за финалето се закажани за 13 и 14 мај. Турската публика и туристите кои нема да бидат во салата или пред малите екрани, Евровизијата ќе ја следат на голем бим што ќе биде поставен во квартот "Таксим"
Песната што Тоше ќе ја испее на сцената во Истанбул нека биде македонска молитва до светот, рече поглаварот на Македонската православна црква г. г. Стефан, давајќи им благослов на Проески и на членовите на македонскиот евровизиски тим пред да заминат на "Евровизија". Поглаварот на МПЦ му подари крст на Тоше, а на членовите од тимот икони со ликот на Богородица и амајлии. Архиепископот рече дека Тоше е првиот претставник од Македонија што пред настапот на "Евровизија" побарал благослов и од црквата.Македонската пејачка мегаѕвезда се заблагодари за поддршката со зборовите дека само со вербата ќе може да го одбере вистинскиот пат. Пред да се сретне со архиепископот Стефан, Тоше влезе во Соборниот храм "Св. Климент Охридски", каде што се поклони пред олтарот и ги бакна иконите на Богородица, Исус Христос и на Климент Охридски, како и светиот крст. Старешината, прота Ѓорѓи Кацарски, му посака успех.
- Како што делото на свети Климент Охридски стигнало до Балтикот, така неговиот глас посакуваме да се слушне на сите меридијани - рече Кацарски. Пред црквата меѓу обожавателите на Тоше беше и Андон Дончевски, поранешен селектор на фудбалската репрезентација. Тој му подари мала фудбалска топка. Проески и членовите на македонскиот тим завчера беа на приемот што во чест на "Евровизија" го организираше турската амбасада. Амбасадорот Мехмет Ташер му посака успех на оваа голема музичка манифестација на македонскиот претставник.