16 октомври 2007
Тоше Проески (26), македонската мегаѕвезда трагично загина вчера утро во сообраќајна несреќа во Хрватска, покрај него тешко е повреден возачот Ѓорѓе Ѓорѓески (32), додека менаџерката на Проески, Лилјана Петровиќ (49), била полесно повредена
Тоше Проески (26), македонската најголема мегаѕвезда трагично загина вчера утро во сообраќајна несреќа во Хрватска. При судирот тешко е повреден возачот Ѓорѓе Ѓорѓески(32), додека менаџерката на Проески,Лилјана Петровиќ (49), која се возела на задното седиште била полесноповредена.
Несреќата се случила вторникот околу 6,25, на 170-тиот километар од автопатот А3 Загреб - Липовац, на два километра од клучката кај Нова Градишка во бродско-посавската жупанија во правец кон хрватскиот главен град.
Тоше Проески, од силината на удирот загинал на самото место. Тој седел на совозачкото седиште во џипот. Во сударот тешко е повреден возачот Ѓорѓе Ѓорѓески (32), додека менаџерката на Проески, Лилјана Петровиќ (49), била полесно повредена бидејќи се наоѓала на задното седиште.
Повредените се веднаш префрлени во општата болница во Нова Градишка.
Возачот има тешки телесни повреди, меѓутоа животот не му бил во опасност.
Има посекотини по телото и главата и скршеници. Од друга страна, пак, менаџерката Лилјана Петровиќ била хоспитализирана, контактибилна и при свест.
Дежурниот лекар вели дека најверојатно возачот Ѓорѓески подолг период ќе биде задржан на лекување во болницата. Тој вчера се наоѓал во Клиниката за интервентна хирургија,каде е опериран.
Лилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше, според лекарите е во релативно добра
здравствена состојба. Менаџерката го замолила персоналот на болницата да ја заклучат нејзината болничка соба, бидејќи не сакала да контактира со медиумите. Таа потоа, според изјавите на главната медицинска сестра, телефонски повикала пријатели од Загреб да дојдат по неа.
Неколку часа по несреќата со налог на истражен судија телото на Тоше Проески
е однесено на обдукција.
Несреќата ја потврдија хрватското и македонското МВР, и сите надлежни институции во двете држави, а воедно веста за трагедијата ја пренесоа BBC и CNN, но и сите хрватски медиуми.
*Туарегот удрил во камион*
Џипот "Фолксваген туарег" со регистарски таблички SK 485 RК, кој бил управуван од скопјанецот Ѓорѓески, неколку секунди пред несреќата претекнувал камион со приколка со италијански ознаки BG 28680. Возачот, Славиша Кузмановиќ (49) од Белград изјавил дека осетил силен удар во левиот дел на приколката. Бидејќи возачот на камионот имал возачко искуство од 25 години знаел во тие моменти дека не се работи за пукната гума, туку дека бил удрен со огромна силина од автомобил кој налетал на него. Тој вели дека такво нешто досега не доживеал.
Се претпоставува дека возачот на Тоше возел со огромна брзина и заспал над воланот во моментот на претекнувањето на неколку автомобили во колоната. Избегната е поголема трагедијата со тоа што камионот, кој инаку бил натоварен со 24 тони на градежни материјали, не преминал на спортивната лента од коловозот, туку излегол настрана, а џипот во кој се превезувал Тоше завршил во банкината, при што била избегната можноста да бидат удрени и други автомобили кои тогаш минувале.
"Беше се уште темно, но магла немаше. Видов само јако светло и возило се изврте по автопатот. Веднаш успеав да го сопрам камионот надвор од коловозот. Излегов надвор и слушнав као жена низ плач викаше: Тргнете го лимот, извадете го Тоше, извадете го Тоше!!!, изјави возачот Кузмановиќ.
Од силината на ударот "Туарегот", се одбил од камионот и удрил во заштитната ограда, а неговите делови и кота биле расфрлани на педесетина метри низ автопатот. Џипот на Тоше најверојатно се движел со брзина од 180 километри на час. Изјавата на возачот Кузмановиќ ја потврдил и надлежниот истражен судија Стјепан Франиќ.
"Тоше не беше свесен кога почина од повредите. Тој беше на совозачкото место кога предниот дел на џипот се забил во задниот лев дел на камионот. Моравме да го сечеме лимот за да успееме да го извадиме неговото безживотно тело кое лежеше пригмечено во возилото. Главата му беше раскрварена и полна со длабоки рани, а лицето потполно непрепознатливо. Не видов дека беа отворени воздушните перничиња на возилото, потресен раскажува пожарникарот кој прв пристигнал до мртвото тело на Тоше и го покрил со црна пластика.
На местото на настанот полицијата и истражниот судија извршија увид, а сообраќајот на автопатот во текот на вчерашниот ден се одвиваше отежнато.
Информацијата за загинувањето на Проески ја потврди и неговата продукциска куќа "Аворд ентертејмент".