6 ноември 2007
Има ли вина за последиците од судирот кај камионот, но и кај возилото
"фолксваген туарег". Пред се поради неотворените сигурносни воздушни
перничиња. Ако откажале перничињата, кој смее да тврди дека немало и
други проблеми со џипот. Хрватската телевизија НОВА денес влегува во
одбрана на хрватската истрага контра извештаите на ВЕЧЕР. Но, дали
случајно, едновремено влегува и во одбрана на Фолксваген
Два дена ВЕЧЕР објавува досега непознати детали за сообраќајната несреќа
во која загина Тоше Проески. Меѓу другото, објавивме дека:
1. Нема удар на џипот Туарег во задниот дел од камионот, по што џипот се
заринкал под камионот и потоа така сплескан е отфрлен кон оградата на
автопатот. Сликата на камионот, објавена денес и на сајтот на хрватската
Нова ТВ, недвосмислено покажува дека деформациите на камионот се ОД
НЕГОВАТА ЛЕВА СТРАНА, а не од позади!
Деформациите се во должина од задното лево тркало до работ на задниот
браник. Тука има мали оштетувања на камионот. Од позади нема ама баш ништо.
Ударот, контактот на џипот и камионот, е СТРАНИЧЕН, додека џипот се
движел ПОКРАЈ а не ЗАД камионот. Накусо, контактот се случил додека
возилата се разминувале.
2. Кај случајот Тоше Проески има загинат човек во сообраќајна несреќа.
Ниту полицијата, ниту истражниот судија, не зеле изјави од возачот на
џипот Ѓорѓевски, и патникот во возилото Љиљана Петровиќ. За ваков превид
се дисквалификуваат истрагата и процесот пред Суд.
Хрватските органи изјавуваат: возачот заспал, дошло до судир и Тоше
загинал. Бидејќи и возачот и загинатиот се Македонци, најдобро е
судската постапка да се води во Македонија, а не во Хрватска!
Е, сега е веќе премногу за да биде случајно.
Прво, во судирот нема само Македонци. Џипот има судир со камион, а не
сам со себе. Тој камион има италијанска регистрација, српска приколка, и
возач кој е српски државјанин, а не Македонец. Тој е учесник во
сообраќајката, а само Суд утврдува кој е виновен. Потенцијално, возачот
на камионот е можен виновник исто колку и возачот на џипот.
Хрватската телевизија НОВА се обидува да го демантира она што на нивните
фотографии тие сами го објавуваат. Патем, немаат одговори на
горенаведените факти и тврдења објавени во ВЕЧЕР.
Во недостаток на поинакви факти ја менуваат темата.
Хрватската ТВ НОВА се обидува да спакува приказна дека е се завршено.
Човекот е загинат, и сега нека биде мирно. Ако е така, тогаш нема
потреба ни од судска постапка.
ТВ НОВА како замена за фактите нуди приказна по моделот на шпанска
сапуница - дека за се била крива алчната менаџерка на Тоше Проески,
Љиљана Петровиќ. Патем, менаџерката е автор на неговата кариера, и била
со него секаде, па и во џипот тоа утро.
Па така, таа го форсирала многу да работи. Потпишала и договор Тоше да
пее за Нова година во Будва, за што му бил исплатен аванс. Тоа се
аспирините на ТВ НОВА, како компензација за фактите околу сообраќајка во
која загинал човек, а нема истрага!
И со оваа информација, за Договорот околу авансот за Тоше и неговиот
дводневен новогодишен настап во Будва, ТВ НОВА влегува во шпекулации, и
користи материјали стекнати со кривично дело кражба.
Договорт на кој за оваа сапуница се повикува ТВ НОВА има дефект. Прво,
документот е нецелосен, недостасува страна со потпис на Тоше Проески, со
кој тој ја овластува менаџерката да потпише Договор за него.
Второ, тој Договор кој нецелосно го објавува ТВ НОВА е украден! Имено,
по несреќата предметите од џипот полицијата ги носи во болницата каде се
сместени повредените: возачот Ѓорѓи Ѓорѓевски и менаџерката Љиљана
Петровиќ. По грешка, една од ташните на Љиљана Петровиќ е однесена во
собата на Ѓорѓи Ѓорѓевски, кој е под силни седативи, речиси во
бессознание. Сосема лешинарски некој го краде тој Договор од ташната
на менаџерката, кој потоа се наоѓа објавен во скопскиот неделник Фокус
и ТВ Нова. Ем Договорот не е целосен во објавувањето што ја менува
неговата суштина, ем е украден од луѓе во очајна позиција.
Но ова објавување од ТВ НОВА отвора нова страница за истрагата: ако
некој можел да одзеде предмети кои им припаѓале на учесниците на
судирот, и кои се дел од доказен материјал за самиот настан, тогаш
полицијата и истрагата има нов проблем: кој ќе им верува дека не се
крадело, или дотурало и нешто друго во џипот, или потоа.
Да се потсетиме и на некои од конфликтните изјави на хрватските органи:
на 22.10 се појавува информација дека Тоше и возачот не биле врзани, и
затоа не се активирале перничињата. Потоа следува сосема спротивна вест.
Кому му користат објавените шпекулации дека возачот и менаџерката од
џипот на ништо не се сеќаваат, при што важи само спротивната приказана,
иако тие никогаш никому тоа не го изјавиле. Најпосле, никој не ги ни прашал.
Да завршиме со лагата од почетокот на овој текст: на 23.10 е објавена
изјава на вештакот, инженер Дарко Коњевиќ кој вели - ( цитираме) причина
за несреќата е недоволно растојание помеѓу возилата и преголемата брзина
која, според Коњевиќ, кај џипот била 171 километар на час, а кај
камионот 85. Како го утврдил тоа без соодветни траги на кочење, ќе
видиме во судската постапка. Туарегот, според вештакот Коњевиќ,
удрил во браникот на камионот, потоа се подвлекол под камионот и
удрил во задната гума на тој камион!
Според вештакот, Тоше загинал токму во тој момент со удар на главата во
предниот дел од покривот, и наместо загинал!
*Целосната штета врз камионот е од оваа, лева страна на возилото. Гумата
во која наводно удрил џип од два тона - е сосема неоштетена*
Дали било кој читател, од фотографијата на токму тој дел од камионот,
може да најде докази дека два тони тешкиот џип се завлекол под камионот,
удрил во неговата гума која, исто така, е сосема неоштетена, и потоа се
удрил од оградата на автопатот.
Патем, Тоше Проески лежел на совозачкото седиште кое било целосно
легнато, и не удрил со главата во предниот дел од кабината.
Хрватска има солиден правен систем, и искусни експерти. Зошто има вакви
гафови во овој случај?! Кој има полза да нема изјави од учесниците, да
нема солидна истражна постапка?!Хрватската држава секако не. Уште
помалку семејствата на луѓето од џипот.
Со ова потполно е амнестиран возачот на камионот, но тој ни финансиски
ни општествено не е играч за кој се плете таква мрежа.
Вториот добитник е Фолксваген! Кој, после сево ова, може да поведе
постапка против Фолксваген за неотворениот ербег, кога во постапката
нема ни изјави од учесниците во сообраќајната несреќа.