8 ноември 2007
Случајот за сообраќајната несреќа во која загина Тоше Проески од првиот
момент па се до објавувањето на фактите во ВЕЧЕР последниве денови беше
збир на шпекулации, бизниси, клевети... се - само не респект кон Тоше и
кон вистината. Сите се правеа дека знаат се и одеа од јавни пресуди за
возачот, до патетика низ која се продаваа пиратски цеде-а за Тоше, и се
крадеа негови документи кои потоа профитно како полувистина се
објавуваа. Адвокатот Вујиќ од Скопје е еден од ретките кој го има целиот
случај, сите факти, пред себе.
Мирослав Вујиќ, адвокатот на Ѓорѓе Ѓорѓевски, кој го возеше Туарегот на
македонската ѕвезда Тоше Проески се уште не знае дали постои предмет
против Ѓорѓевски, ниту кога документите од истрагата ќе пристигнат во
Македонија и што македонските институции ќе добијат од Хрватска. Вујиќ
едновремено и правен застапник на менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ,
со што неговиот увид во случајот е навистина комплетен.
Се прашува дали има услови за да се спроведе фер судење за немилиот
настан од 16-ти октомври, кога нема можност за реконструкција на
настанот, ниту пак услови за вештачење, бидејќи го нема камионот со кој
се судри Туарегот на Тоше. Многуте шпеклулации, вели тој, само му ја
отежнуваат работата. По изјавите на истражниот судија на хрватската ТВ
Нова адвокатот се сомнева дали навистина е покренато барање за
спроведување на некаква истрага, бидејќи со самата изјава на истражниот
судија дека причина за несреќата е брзото возење и недоволното
растојание, Ѓорѓевски е осуден без судска постапка. Во интерес на
истрагата и вистината Вујиќ повикува да запрат сите шпекулации и лажни
обвинувања, барем додека да дојде предметот во Македонија.
*Дали имате сознанија што се случува со предметот за Тоше Проески?*
- Овде предмет нема, не знам од кои причини, но нема предмет. Ја слушнав
пред некој ден изјавата на министерот за правда Михајло Маневски, кој
рече дека очекува предметот да дојде, но не се знае дали е пратен, дали
не е пратен, дали е формиран тој предмет, дали е завршен.
*Како ја оценувате истрагата која беше спроведена во Хрватска?
*- Во хрватските медиуми, особено последниве денови, се појавија
различни шпекулации во врска со тоа како ние сме го напаѓале хрватскиот
систем, како сме го напаѓале судството. Таквите коментари
не се точни. Се работи за коментарите што ги добивме од ТВ Нова и од
истражните органи на лице место. Официјална истрага за мене немало,
истрага на самото место не постои. Постои само увид на лице место, како
констатирање и фиксирање на траги од несреќата. Што понатаму се
случувало тоа знаат само истражните органи. Хрватска ја сметам за земја
која има понапреден и посовршен систем и ја сметам како средена држава.
Но таа држава не може да си дозволи нејзин истражен судија да излезе на
ТВ Нова и пред камерите конкретно да го посочи виновникот за сударот.
Зошто тогаш е правено вештачење?! Немаше потреба од тоа. Па истражниот
судија веќе ни кажа дека несреќата се случила поради пребрзо возење и
недржење на растојание. Шпекулациите од типот спиел, не спиел, возел
вака, времето било вакво се недозволиви за еден правен систем.
*Што со предметот кога ќе стаса во Македонија?
*- За мене во моментот тоа е голема непознаница. Не знам по чие барање
предметот треба да дојде, кој го барал, кој го нудел и дали воопшто
некој го нудел. Претпоставувам дека ќе стигне по дипломатски пат, според
меѓународното право преку Министерството за правда, па понатаму до
органите. Но мора да се знае од кои причини така брзо е решено тој
предмет да дојде... Вие пред некој ден имавте прилика да се видите со
Ѓорѓе Ѓорѓевски, кога истиот ви кажа дека од него не е земена никаква
изјава, ниту кажал нешто, ниту потпишал нешто, а доколку дал некаква
изјава морал да потпише некаков записник. Само патната исправа му е
вратена и тој си замина од Хрватска без никакви проблами.
Јас сега прашувам дали навистина е покренато некакво барање за
спроведување на некаква истрага. Во оваа фаза имаме полициска постапка и
ова што го изјавува истражниот судија пред екраните е неприфатливо. Од
таму произлегоа и многу шпекулации. Произлегоа многу несредени работи,
коишто и мене сега во моментот ме стават во исклучително тешка позиција.
Што ќе правам јас со тој предмет кога ќе дојде во Македонија, доколку
дојде, што јас ќе можам да утврдувам од тој предмет?! Возилото го нема,
не знам каде е, не знам дали е обезбедено или не, дали записниците од
таму се потпишани или не се потпишани...
Со излегувањето во јавност на Ѓорѓе преку интервјуто во ВЕЧЕР се доби
можност да се отфрлат сите шпекулации дали тој се сеќавал, дали не се
сеќавал, дали спиел или не спиел. Мислам дека ќе помине многу време до
неговото евентуално повторно појавување во медиум.
*Вие сте правен застапник и на менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ. Што
е со документот кој се појави во еден македонски неделник и на ТВ Нова
околу договорот за настап на Тоше во Будва за Нова Година?!
*- Се појавија документи коишто биле во возилото, договори кои се
крадени. Како можело да се случи некој да не ги обезбеди тие работи кои
биле во возилото, за сега некој да се појавува и се повторно да се
прикажува на ТВ Нова. Значи да се оградам, не хрватското правосудство,
не хрватските медиуми, туку имаме конкретно телевизија, која дозволила
нешто такво. Наместо да го прашаат г-динот од каде ви е тој договор,
знаат дека имаме пријавено кражба, знаат дека тоа лице го украло тој
договор, тие сето тоа го фрлаат на страна, очекувајќи дека ќе излезе
некоја приказна и ги пропуштаат суштинските работи што требало да излезат.
/*Билјана ЗАФИРОВА