16.11.2007
Хрватското обвинителство испратило молба до македонското Јавно обвинителство за превземање на случајот со сообраќајната несреќа во која загина Тоше Проески. Според информациите во хратските медиуми, македонското обвинителство ќе го превземе случајот со возачот на Тоше, триесет и двегодишниот Ѓорѓи Ѓорѓевски. Тој е осомничен за предизвикување на сообраќајната несреќа во која загина Проески. Како причина за сообраќајката, која се случи на 16 октомври годинава, хрватските органи ги навеле големата брзина и непочитување на прописното растојание меѓу возилата. Ѓорѓевски го возел “туарегот“ со брзина од 171 километри на час, кога удрил во камион на патот кон Нова Градишка. Во сообраќајната несреќа загина легендарниот Тоше Проески, а неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и возачот Ѓорѓи Ѓорѓевски беа повредени.
Нетпрес
Кривичен прогон за возачот на Тоше Проески
18 ноември 2007
Хрватското државно обвинителство викендов соопшти дека упатило молба до
македонското обвинителство да го преземе кривичниот прогон против
осомничениот македонски државјанин, 32-годишниот Ѓ.Ѓ., бидејќи извршил
кривично дело предизвикување сообраќајна несреќа, во која смртно
настрада Тоше Проески.
Ѓорѓи Ѓорѓевски управуваше со "фолксвагенот туарег", што пред еден месец
на автопатот Загреб - Белград кај Нова Градишка, во Западна Славонија,
при брзина од 171 километар на час удри во камион со полуприколка и
потоа заврши во централната ограда меѓу двете коловозни ленти на автопатот.
Ѓорѓевски во несреќата беше тешко повреден, Проески кој седел на
совозачкото седиште почина наместо, додека неговата менаџерка Љиљана
Петровиќ, која била на задното седиште, беше полесно повредена.
Како причина за несреќата се наведуваат големата брзина и несоодветното
растојание меѓу возилата.
Ѓорѓевски во моментов е на домашно лекување во Скопје.