10.11.2007
Предметот би требало да пристигне во Скопје во текот на идната недела По читањето на предметот, скопското Јавно обвинителство ќе одлучи дали ќе го суди возачот на џипот Ѓорѓи Ѓорѓиевски ГОРАН АДАМОВСКИ Заврши истрагата за несреќата во која загина најголемата балканска ѕвезда Тоше Проески. Точно три недели им требаа на хрватските надлежни органи да ја завршат истрагата за сообраќајката што се случи во близина на Нова Градишка на автопатот кон Загреб. Предметот сега е во рацете на хрватското Министерство за правда, а според неофицијалните најави, веќе идната недела ќе биде препратен во Скопје. По читањето на предметот, скопското Јавно обвинителство ќе одлучи дали ќе го суди Ѓорѓи Ѓорѓиевски (32), кој го возеше џипот „фолксваген туарег“, во кој по судирот со камион со приколка загина Проески. „Истрагата за несреќата е комплетирана, а предметот уште во средата им е предаден на колегите во Министерството за правда“, ни изјави Љилјана Валинчиќ, заменик на јавниот обвинител во Славонски Брод. Од тамошното Министерство за правда ни потврдија дека го добиле предметот и најавија дека набргу преку хрватското Министерство за надворешни работи ќе го предадат на своите македонски колеги. „Станува збор за процедура и не ни е јасно зошто во дел од медиумите пишува дека се забошотува работата кога за тоа немаме баш никаков интерес. Веќе наредната недела ќе го имате во Скопје“, велат од Министерството за правда во Загреб. Што содржи истрагата за несреќата на 16 октомври официјално не зборува никој. Во неа, наводно, е одговорено зошто по судирот не се отворија воздушните перничиња на скапото возило, вредно 60.000 евра. Ова прашање би требало да ги расчисти шпекулациите на каков начин дошло до судирот, односно има ли вина и кај возачот на италијанскиот камион, белграѓанецот Славиша Кузмановиќ, кој беше пуштен откако плати казна за пребрзо возење. Токму во неговото пуштање и' се забележува најголемиот пропуст на истрагата, како и во тоа што воопшто не беше сослушан Ѓорѓиевски. Истрагата треба да ги потврди или отфрли дилемите дали биле неисправни задните светла на приколката, потоа дали камионот се движел на својата десна бавна лента на коловозот, како и на тоа дали во тие утрински часови на кобниот 16 октомври во рамната Славонија се спуштила магла. Останува нејасно и дали при возењето заспал Ѓорѓиевски, кој му бил многу добар другар на Тоше, особено што „Утрински“ веќе објави дека тоа утро во 6.05 часот, односно дваесетина минути пред трагедијата, тројката од Скопје добила фискална сметка од бензинска пумпа за купеното кафе. Дел од овие прашања, веројатно, ќе му бидат поставени на главниот државен обвинител на Хрватска Младен Бајиќ, кој во вторник ќе допатува во Скопје да се сретне со македонскиот јавен обвинител Љупчо Шврговски. Веднаш по трагедијата, државниот обвинител во Славонски Брод Стјепан Харамустег, кој деновиве бил на службен пат, речиси го прогласи за виновен Ѓорѓиевски, најавувајќи дека нему ќе му се судело во Скопје, бидејќи бил македонски државјанин, иако тие биле „подготвени веќе в понеделник“, односно шест дена по несреќата, „да го почнат и завршат процесот по брза постапка“. Тамошната полиција поднесе кривична пријава против Ѓорѓиевски, кој возел со 171 км/час, поради непочитување на сообраќајните прописи, односно поради неодржување прописно растојание, како и за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици. За тоа би можел да добие затворска казна во траење до пет години.
Утрински /