22.11.2007
Скопското јавно обвинителство отвора истрага за сообраќајната несреќа во Хрватска во која загина Тоше Проески. Ќе се испитува дали има одговорноста кај неговиот пријател, Ѓорѓи Георгиевски од Скопје, кој управуваше со џипот утрото на 16-ти октомври. Скопското јавно обвинителство отвора истрага за сообраќајната несреќа во Хрватска во која загина Тоше Проески. Ќе се испитува дали има одговорноста кај неговиот пријател, Ѓорѓи Георгиевски од Скопје, кој управуваше со џипот утрото на 16-ти октомври. Преводот на списите со сите докази за несреќата кои пристигнаа од Нова Градишка, е во финална фаза. Од денеска обвинителите анализираат какви докази има во предметот. Јавно за нив три дена не зборува никој. За сега единствено е познато дека ќе има истрага за трагедијата. Репортер- во првата фаза од постапката јавното обвинителство нема да спроведува нови вештачења за несреќата и нема да го транспортира џипот на Тоше Проески. Прво ќе се инсистира на исказ на осомничениот, возачот Ѓорѓи Георгиевски, потоа сите варијанти се можни... Дополнување на предметот со нови вештачења можно е да бараат адвокатите на Георгиевски, но откако ќе го примат досието. И семејството на Тоше Проески во Крушево најави дека по објавувањето на официјалниот став на обвинителството дали ќе има истрага за Георгиевски ќе одлучат дали и како ќе се вклучат во постапката.
Канал5 /