21.11.2007
Додека министерството за правда се уште го преведува хрватското досие за сообраќајната несреќа во која загина Тоше Проески и не открива детали од списите во кои ја има кривичната пријава против Ѓорѓи Георгиевски, семејството Проески во Крушево засега се воздржува од коментар за кривичната постапка. Ќе ја чекаат одлуката на јавното обвинителство. Додека министерството за правда се уште го преведува хрватското досие за сообраќајната несреќа во која загина Тоше Проески и не открива детали од списите во кои ја има кривичната пријава против Ѓорѓи Георгиевски, семејството Проески во Крушево засега се воздржува од коментар за кривичната постапка. Ќе ја чекаат одлуката на јавното обвинителство. Семејството Георгиевски и денеска не сакаше да ја коментира кривичната пријава и можноста од соочување на Ѓорѓи со судски процес. Во лоша здравствена и психичка состојба, тие се под постојан лекарски надзор. Во исчекување на одлуката на обвинителството - дали ќе има истрага, е и адвокатот на Ѓорѓи - Мирослав Вујиќ. Кога ќе го прими предметот ќе каже дали и што недостига во документацијата, какви дополнителни вештачења би имало во Скопје, кога уништениот џип ќе биде пренесен во Македонија. Обвинителот задолжен за истрагата во Хрватска, Стјепан Харамусек, уште на 5-ти ноември го затворил досието за сообраќајната несреќа. И тој не сака да открие детали од списите кои ги испрати во Скопје, освен дека не разговарал лично со возачот на џипот Ѓорѓи. Во Хрватска не дал, но извесно е дека во Скопје, Георгиевски ќе треба да има исказ пред истражните органи. Со тоа практично, велат правници, би стартувала истрагата. Освен возачот, изјава би требало да даде и менаџерката Љиља Петровиќ.
Канал5 /