19 октомври 2007
Според првичните информации, добиени од Хрватска, возачот на Тоше,
неговиот другар Ѓорѓевски има амнезија и неговата психичка состојба е лоша
До понеделник е одложено враќањето на Ѓорѓи Ѓорѓевски од Нова Градишка,
возачот кој управуваше со Туарегот во кој загина мегаѕвездата Тоше
Проески. Здравствената состојба иако стабилна, не дозволувала вчера утро
со семејството кое дојде да го придружува, тој да тргне на пат кон Скопје.
Според информацијата добиена од надлежниот персонал на хрватската
болница, Ѓорѓи Ѓорѓевски, нема да биде пушетен да замине поради се уште
нарушената здравствена состојба.
Според првичните информации, добиени од Хрватска, Ѓорѓевски има
амнезија, и неговата психичка состојба е лоша. Имал три искршлени
пршлени, а на вратот му била ставена гипсена крагна. Имал над 50 копчиња
на глава од сошиени рани, повреди околу окото, скршен нос, хематоми по
грбот и потрес на мозокот.
Паралелно со очекувањето на неговото враќање, македонското Министерство
за правда го чека и досието за несреќата во која загина Тоше. Иако
најавено за петокот, хрватските истражни органи го одложиле за следната
недела, зашто в понеделник како што дознаваме, ќе се врши уште една
реконструкција на настаните.
Комплетната документација, која ќе ја добие нашето Министерство за
правда, потоа ќе оди во државното обвинителство. Од нив ќе зависи дали
ќе се поведе постапка против Ѓорѓевски кој управуваше со возилото Туарег
или не.
Понеделничката реконструкција ќе биде последна од преземените акции и
истражни мерки околу случајот. До сега неофицијално е утврдена брзината,
позициите и дел од околностите.
Една од нив, која се смета за отежнувачка, е неотворањето на воздушните
перничиња во џипот.
Импортерот за Фолксваген Туарег за Македонија не излегува со реакција
додека не биде официјализирана истрагата.
За медиумите тие ги појаснуваат перформансите на џипот кој во јавноста
беше презентиран како најбезбедно возило на сите времиња.
Според Владица Кокаловиќ, џипот имал воздушни перничиња, но тие
најверојатно не се активирале зашто не биле погодени сензорите за таа
намена на возилото.
Сообраќаен експерт од Хрватска толкуваше дека со оглед на околностите,
ни воздушните перничиња не би гарантирале поинаков исход во несреќата.
Но, хрватската полицијата ги проверува деталите и засега не открива многу.
/*Александар СРБИНОВСКИ