13.11.2007
По потпишувањето на меморандумот за соработка на македонското и хрватското обвинителство за дела од областа на тежок криминал, Бајиќ соопшти дека досието за сообраќајната несреќа во која загина Тоше Проески е комплетирано.

Записникот, вештачењето и сите докази деновиве ќе бидат доставени до македонското обвинителство. Кој е одговорен за несреќата, гостинот од Хрватска не одговори.
Во Хрватска деновиве баравме да се соберат и утврдат сите релевантни факти кои на македонските колеги ќе им овозможат да донесат праведна и законита одлука.
Од записникот од увидот, обдукцијата, вештачењето итн, сите тие работи ги завршивме и предметот по нашето враќање во Хрватска ќе му го доставиме на македонското Обвинителство , рече Бајиќ.
Канал5
„Случајот Проески“ за неколку дена во Скопје
14.11.2007
„Предметот за несреќата во која загина Тоше Проески во Хрватска е завршен и во текот на следните неколку дена ќе биде доставен до македонското Обвинителство“, изјави вчера во Скопје хрватскиот јавен обвинител Младен Бајиќ при посетата на својот македонски колега Љупчо Шврговски. „Во Хрватска деновиве баравме да се соберат и утврдат сите релевантни факти кои на македонските колеги ќе им овозможат да донесат праведна и законита одлука.
Од записникот од увидот, обдукцијата, вештачењето итн, сите тие работи ги завршивме“, рече Бајиќ. Тој не сакаше да одговори дали хрватската истрага посочува кој е виновен за несреќата. „Македонското Обвинителство ќе знае самото да ги цени доказите што ќе ги доставиме“, рече гостинот од Загреб.
Откако досието ќе стигне во Скопје, нашето Обвинителство ќе одлучи дали ќе постапи по кривичната пријава што ја поднесе хрватската полиција против возачот на џипот Ѓорѓи Ѓорѓиевски (32) поради непочитување на сообраќајните прописи, односно неодржување прописно растојание, како и за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици. Пријателот на Тоше, кој тоа кобно утро на 16 октомври на автопатот за Загреб кај Нова Градишка го управувал џипот со 171 км/час, доколку биде прогласен за виновен, би можел да добие затворска казна во траење до пет години. Возачот на камионот со приколка, белграѓанецот Славиша Кузмановиќ, во кој се заби „туарегот“, мина со парична казна за брзо возење. Бавната истрага разбуди гласишта колку тој е чист, односно виновен за трагедијата.
Утрински /
За неколку дена ќе биде доставен предметот за несреќата на Тоше
14.11.2007
ХРВАТСКИОТ ОБВИНИТЕЛ ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА Од денот на несреќата во која загина Тоше Проески ние сме во постојан контакт со македонските обвинители. Предметот во Хрватска е завршен и во текот на наредните неколку дена ќе биде доставен до Јавното обвинителство на Македонија на понатамошна постапка. Ова вчера го изјави Младен Бајиќ, хрватскиот државен обвинител што потпиша меморандум за соработка со македонското јавно обвинителство.
- Во Хрватска деновиве баравме да се соберат и утврдат сите релевантни факти што на македонските колеги ќе им овозможат да донесат праведна и законита одлука. Ги завршивме записникот од увидот, обдукцијата и вештачењето и предметот, по нашето враќање во Хрватска, ќе му го доставиме на македонското обвинителство - рече Бајиќ, кој одби да одговори дали Хрватска сугерира кои се осомничени лица за случајот. Тој вели дека досието „Раштански лозја“ против Љубе Бошковски од Врховниот суд било вратен на повторно одлучување во жупанискиот суд во Пула, кој треба да одлучи дали има правна основа случајот да им се врати на македонските судови. - Тоа е точната одлука, а не дека Врховниот суд одлучил дека предметот дефинитивно ќе се суди во Хрватска - рече Бајиќ.
Од судскиот процес пред Хашкиот трибунал ќе зависи и евентуалното отворање на постапката против Бошковски во Хрватска. М. Ј. Гостите од Хрватска ги потурија со шампањско Јавните обвинителства на Македонија и на Хрватска вчера потпишаа меморандум за разбирање и за меѓународна соработка во борбата против криминалот и корупцијата. - Со ова двете страни се обврзуваат на поефикасна комуникација во размената на информации и докази што се битни
во предистражната постапка и за поефикасна борба против организираниот криминал - рече македонскиот државен јавен обвинител Љупчо Шврговски. Хрватскиот главен државен обвинител Младен Бајиќ вели дека меморандумот ќе биде дополнително оружје на обвинителите за заеднички да го сузбиваат организираниот криминал. По потпишувањето на меморандумот, двајцата обвинители наздравија со шампањско, но притоа се случија неколку непријатности. Така, при отворањето на шампањското голем дел новинари и сниматели беа испрскани. Во меѓувреме се скршија две чаши предвидени за здравицата, од кои едната падна врз претставник од хрватското обвинителство. Откако му го исчистија воденото палто, хрватските обвинители слатко се изнасмеаја на малиот инцидент.
Време /