9 ноември 2007
По сите ексклузивни информации и изјави кои ВЕЧЕР ги објави деновиве
први можеме, детално, да ги реконструираме последните часови пред
несреќата на Тоше Проески, како и деновите потоа.
Дента, пред да се упати на пат, Тоше Проески го минал во Крушево. Играл
одбојка со другарите и се здобил со болки во коленото. Вечерта, на 15
октомври, се упатува за Скопје каде што снима емисија до околу 23 часот.
Потоа, со неговиот близок другар и соработник Ѓорѓе Ѓорѓевски, од Скопје
патуваат за Ниш, од каде во џипот Фолксваген Туарег, со кој патуваат, ја
земаат и менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ.
Од Скопје, и потоа, комуницираат преку мобилниот телефон
на Тоше бидејќи телефонот на Ѓорѓе бил со потрошена батерија. Тоше го
болело коленото од одбојката која ја играл дента во Крушево, па затоа
предното седиште е сосема испружено, легнато, а врз него речиси цело
време по патот лежел Тоше.
Сите овие детали, како и оние што ќе уследат, се битни заради настаните
потоа.
Патуваат без брзање, при што максималната брзина на автопатот не
преминува 150 километри, меѓусебно разговарајќи. Ова може лесно да се
утврди ако се измерат, и споредат, километрите што се изминати со
часовите кои се пропатувани. Патем, застанувале три пати по
петнаесет-дваесет минути на кратки одмори за пијалак или кафе.
Последното застанување е околу 6 часот наутро, непосредно пред
сообраќајната несреќ а која, според Ката Нујиќ, портпарол на
Бродско-посавската полициска управа се случила во 6 часот и 25 минути.
Местото на несреќата е на патот Загреб-Липовац, на влезот во Нова Градишка.
Се упатиле за Загреб, каде околу 12 напладне било закажано снимање на
Тоше во телевизиското шоу Зухра. До Загреб, во нормални околности, имале
најмногу два часа возење и немало никаква причина за брзање.
Се разденувало и, според полициските извешати, видливоста била сосема
доволна за безбедно возење.
Уште на првото обраќање до јавноста, само неколку часа по несреќата,
портпаролот Ката Нујиќ дава изјава со која вели дека: До несреќата
најверојатно дошло заради непочитување на задолжителната дистанца помеѓу
возилата, по што џипот, според неа, удрил во задниот дел од камионска
приколка со италијански регистарски таблички.
Пред да заврши увидот, портпаролот веќе имал конечна дефиниција. Колку
таа била површна е податокот дека приколката на камионот во која удрил
Тоше е со белградска регистрација.
Прв на местото на несреќата, стасал Саша Мустафиќ од "Хрватске цесте".
Тој вели: возачот беше свесен, изјавува сведокот на настанот, но не
комунициравме. Повикав полиција и Брза помош и тие стигнаа за околу 15
минути. Жената што седеше зад возачот беше потполно во шок, изјавува
Саша Мустафиќ.
Возачот на италијанскиот камион со белградска приколка, Славиша
Кузмановиќ, пред полицијата дава изјава дека џипот Туарег удрил во
неговиот заден дел. Дека во ретровизор видел како џипот сака да го
претекне, ама дека не успеал во тоа.
Возачот на Туарегот Ѓорѓе и сопатникот Љиљана никогаш не дале никаква
изјава пред хрватската полиција и истражни органи!
Иако не дале никаква изјава, вештакот инженер Дарко Коњевиќ тврди дека
џипот возел точно 171 километар, дека се зарил во задниот дел на
камионот, а потоа се подвлекол под него се до задната гума во која
удрил, при што дошло до сплескување на кабината од џипот, и загинување
на Тоше на лице место!
Фотографиите од камионот, кои ВЕЧЕР ги објави, јасно покажуваа дека во
ЗАДНИОТ дел на камионот нема никаков, ама баш никаков удар, а камоли
гмечење на џип од два тони под камионот.
Освен ова, хрватскиот обвинител Стјепан Харамустек уште пред
информацијата од вештакот, веднаш дава изјава дека никој од патниците во
џипот не бил врзан со сигурносни појаси, и затоа заштитните перничиња не
се отвориле. Седиштето на Тоше, според обвинителот Харамустек, било
подигнато и тој седел, а кога дошло до ударот седиштето се скршило и
паднало наназад.
За разлика од обвинителот, вештакот тврди дека патниците во џипот биле
уредно врзани со сигурносни појаси. Заштитните перничиња не се отвориле
бидејќи џипот удрил со надолжен носач.
Хрватската ТВ Нова пласира приказна дека возачот заспал и не видел што
го чека. Пласирајќи, патем, и изјава дека возачот Ѓорѓевски изјавил како
не се сеќава на ништо, и дека се чувствувал виновен до толку што се
обидел да скокне од вториот кат на болницата во Нова Градишка, ама
благовремено бил спречен во тоа.
По сударот, возачот Ѓорѓевски со повреди на лицето и вратот и
сопатничката, менаџерката Љиљана Петровиќ со полесни повреди и под тежок
шок се пренесени во болница во Нова Градишка. Тоше е пренесен во
болничката капела, а околу 14 часот задушна миса за него во капелата
одржува Лука Слободанац.
Полицијата ги собира личните ствари од, и околу џипот, и менаџерката
потпишува дека се тоа лични работи на патниците од возилото. Потешко
повредениот возач Ѓорѓевски е однесен во една, а Љиљана Петровиќ во
друга соба. Патем, при разместување на личните ствари, полицијата по
грешка една од личните ташни на менаџерката става во собата на
повредениот возач Ѓорѓевски. Љиљана вечерта со возило оди за Крушево,
кај семејството Проески а возачот, и нејзината ташна, остануваат во
Градишка.
Возачот, според нивни изјави, по несреќата го посетуваат четворица
негови другари: Зоран(28), Тони (33), Љупчо (47) и Дејан (32) од Скопје.
Тие даваат цела серија изјави за хрватските медиуми кои, потоа, се
покажуваат контрадикторни. Иако даваат разни изјави, новинарката Сања
Рапаиќ од 24 часа тврди дека возачот Ѓорѓевски бил во состојба да
разговара со нив дури два дена по несреќата.
Дента кога тие го посетиле повредениот Ѓорѓевски исчезнале и лични
документи од ташната на Љиљана Петровиќ која се наоѓала во неговата
соба. Тие документи, меѓу кои има и договор за новогодишен настап на
Тоше во Будва, можеле да ги земат само од болничкиот персонал, или некој
од четворицата кои го посетиле!
Договорот е украден од туѓа ташна која е најдена крај тешко болен човек
кој лежи во постела.
Тој договор, со сокриена една страница на која е токму потписот и
овластувањето на Тоше да биде истиот потпишан, го објавува скопскиот
неделник ФОКУС! Самиот факт дека се појавил во скопски весник, со текст
потпишан од лице кое не е новинар вработен во редакцијата на неделникот,
укажува дека не го украле Хрватите од болницата, туку некој од нашите
кој потоа го дал на лицето кое го објавило во Фокус.
Кон ова оди и изјавата на еден од четворицата посетители од Скопје кои,
без никој да ги праша за тоа, за новинарката Сања Рапаиќ изјавува дека
Љиљана си отишла ден потоа земајќи ја и својата ташна со себе! Кого,
тогаш, таа ташна воопшто го интересирала?! Никого, освен тој кој украл
од неа, и сакал да се заташка случајот со тоа дека ете, ташната
претходно заминала за Скопје. А не заминала, кај нив била.
Возачот не можел да се движи, така што и приказните дека тргнал да се
фрла од втори кат се физички неиздржани.
Накусо, украден е документ. Како таков, нецелосно, се објавува во Фокус
од лице кое не е вработен новинар кај нив. Освен што се објавува токму
во Фокус, дополнително компромитирање за објавата е што лицето од
Куманово кое е потпишано на текстот, со непознато работно место и
образование, е избркано своевремено од Радио Вокс заради кражба на ЦД-а
и инвентар!
Фокус, лешинарски, се потрудил да заработи од објава на документ украден
од болен човек, објавен нецелосно со што се менува неговата суштина, и
со тврдење дека ете тоа менаџерката го криела од Тоше, без да знаат дека
Тоше Проески има свој адвокат, неговиот роден вујко Зоран Ацевски. Тој
Договор, но целосен, го има кај адвокатот на Тоше!
Најпосле, нема повикување на тајност на извор, кога се објавува монтиран
документ кој е предмет на кражба. Кражбата мора да се утврди, а
истрагата да почне од лицето кое се потпишало под текстот.
Истото лице деновиве е пријавено во полиција заради заканувачки и
навредливи телефонски пораки испраќани до вујкото на Тоше, адвокатот на
возачот Ѓорѓевски, до Љиљана Петровиќ, до авторот на овој текст...
очигледно, не се украл документот само за објавување. Се имале на ум и
други профити кои не се оствариле од објавувањето во Фокус.
Тоше не заслужи вака да го развлекуваат неговото име, и имот.
*ВУЈИЌ: Зоран Божиновски не заслужува внимание!*
Адвокатот Мирослав Вујиќ во интервјуто во ВЕЧЕР потврди дека тој договор
е украден од ташната на менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ. Тој се
сомнева кој го украл договорот, но не сака да посочува никого пред
надлежните органи да ја завршат својата работа.
*Дали се сомневате кој можел да го украде договорот од собата на Ѓорѓе
Ѓорѓевски?! Што има чудно во тој договор, што е она суштинското кое
според вас е пропуштено?
*- Факт е дека тој договор бил во торбата со личниот багаж на Љиљана
Петровиќ. Љиља и Ѓорѓе нема да даваат изјави без одобрение на родителите
на Тоше, кои во оваа ситуација имаат најмногу право да кажат дали треба
нешто да се изјавува или не треба. Љиљана Петровиќ си го бараше
договорот кој не е никаква тајна, во кој нема ништо спорно. Тој договор
кој е прикажан на ТВ Нова не е целосен, не е прикажана согласноста на
Тоше Проески за потпишување на таков договор. Не ги покажале уплатниците
за платените даноци, на име на тој договор. На ТВ Нова и беше доволен
еден пишан елемент за тоа парцијално да се прикаже и од тоа да се
направи некаква приказна. Тој господин доколку сакал да открие криминал
и доколку ја сака оваа држава требало да оди во полиција и да пријави
криминал, а не да оди во странска држава и да ја плука својата држава.
За мене тоа е недозволиво. Договорот е тука, тој договор го има и
вујкото на Тоше, кој е адвокат од Прилеп.
*Дали ќе покренете постапка против Божиновски, кој според Вас прикажал
украден документ, кој патем е нецелосен?*
- Мислам дека тој господин не заслужува да му се посветува внимание. Тој
покажа крајно непоч итување и кон медиумите во Македонија и кон
сопствената држава. Да се плука на сопствената држава од странска
држава, да се изнесуваат шпекулации за Тоше дека својата грижа на совест
ја покрива со хуманитарни концерти во оваа состојба е крајно морбидно и
некоректно. Не сакам повеќе ни да коментирам за таков човек, а уште
помалку да имам работа со него. Пријавата за кражба на
документи е отидена, па ќе видиме како ќе се одвива тоа.