Тажно е, но вистината е таа, дека малото Крушево живнува само за 2-ри август за Илинденските празници….а, и нешто малку повеќе преку зимата поради скијачката сезона. Сепак тоа не е тоа, особено затоа што Крушево треба исклучиво да се препознава, се сложувал некој со тоа или не, по ангелот Тоше Проески и неговите песни а, по кого и по толку години по трагичната смрт ретко кој останува рамнодушен.Рака на срце, тој додека беше жив го прослави низ светот ова малото македонско градче. Но, дали и градчето Крушево знае да му се одолжи на својот херој онака како треба, и пред домашната и пред светската јавност? Екипата на “Свет“ деновиве беше во Крушево и првите впечатоци во врска со Тоше се разочарувачки. Доколку сите други работи ги тргнете на страна, а доколку за првпат доаѓате во Крушево, по ништо нема да заклучите дека од тука потекнува славниот пејач. Ниту додека со самото возилото влегувате во градот. Зачудувачки делува дека по самиот пат нема ниту едно обележје за Тоше. А, на влезот во градот нема ни некоја информативна табла во врска со него, а и ниту има некоја негова фотографија која како таква ќе ви го сврти вниманието дека пристигате во градот на Проески.
Еден невиден пропуст! Улиците се посебна приказна, бидејќи никаде не стоји јасно означен правецот на движењето, а секој што доаѓа во Крушево, да не се лажеме, најпрво ќе го побара вечното почивалиште на пејачот. Доколку не застанете и не прашате некој од минувачите, тешко ќе се снајдете додека да стасате до неговиот гроб. Најчесто за оријентацијата на гостите и туристите им служи некое застарено големо огледало на една од тесните таканаречени раскрница, кое е инаку предмет за демек, полесно снаоѓање… Да не е смешно би било тажно. Замислете, тоа огледало е патоказ, а не е например некој светлечки билборд со сликата на Тоше. Е, тој парадокс го има во Крушево. Уште едно промашување на градските челници! Грд впечаток ни остава дури и самото паркиралиште кое на се личи, но најмалку на некое место на кое своите превозни средстав ги оставаат многубројните странски туристи кои постојано се упатуваат на гробот на Тоше. Веднаш до паркиралиштето е типична селска вртелешка која во ритамот на фолк-музиката ги забавува децата. Тука се и импровизираните тезги под шарените чадори за сонце со секакви дребулии а, кои во ни еден случај не можат да ви го привлечат вниманието. И, најпосле кога со некои вакви неубави впечатоци ќе стасате до гробот на Тоше ќе видите дека и тука, за жал ништо не е сменето на подобро. Местото си е така оставено на милост и немилост на годишните времиња. Капијата се отвара и затвара во точно одредено време. Преку ноќ тука на гробот нема никој, освен што остануваат еден неброен куп слики од Тоше, испишани искрени реченици на љубовта за него, и безброј многу истечени солзи, и непресушени емоции.
Сепак, вечното почивалиште бара и комплетно реновирање, да заличи на локација која му доликува на една таква пејачка легенда. Но, од реновирањето веќе со години ништо не се случува. Дечкото кој е тука секојдевно, а кој му е другар на Тоше од детството, вели дека тој го одржува гробот во некоја каква-таква цивилизирана состојба, а само навечер после 17.00 часот доаѓаат родителите на Тоше и ја затвараат капијата од почивалиштето на пејачот. И, тука оваа приказна за градот на Тоше не завршува. Приказната е секојдневна, ја создаваат сите оние, а ги има неброено многу, за кои Тоше е вечен како и неговата музика. Тие не го забораваат а, дали градот после се што видовме го забораваат пејачот? Дури ни родната куќа која секој сака да ја види во поминување, нема лесно да ја најдете. Мора да се измачите барајќи ја во некоја од неброено многу тесни улички. Ни за тоа нема ниту еден патоказ. Како да е во прашање некој си таму неважен, а Тоше е, оној Тоше кој за своето Крушево правеше и повеќе од невозможни добри работи !!!
http://ubavinaizdravje.mk/