Фановите на Тоше Проески во соработка со Црвениот Крст на Македонија и поддршка од Фондацијата „Тоше Проески“ и Институтот за трансфузиона медицина ќе организираат крводарителската акција „Јас штотуку спасив живот, а Вие?“ во чест на неговиот 33 роденден.Оваа традиционална акција на ниво на град Скопје ќе се одржи во сабота по осми пат. Местото и времето на настанот се Дом на АРМ – Скопје од 10:00 до 18:00 часот.
Во чест на Тоше во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ ќе се оддржи панихида.